Компанијата Уготур од први јануари до 30-ти јуни оваа година прикажа загуба од 828.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата оствари загуба од 1.859.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од 2016 година беа 11.198.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 11.682.000 денари.
Основна дејност на компанијата е подготовка, дистрибуција и послужување на готови производи од областа на организирана исхрана на работници.