Во Италија се усвоени пакет мерки во обид се намали фрлањето на храна. Предлог-законот има за цел да се намали отпадот за еден милион тони од околу пет милиони тони храна што се фрлаат секоја година.
Според италијанскиот министер за земјоделие, Маурицио Марина, фрлањето храна италијанскиот бизнис и домаќинствата ги чини преку 12 милијарди евра. Но, ова не е проблем само на Италија. Според Организацијата за исхрана и земјоделство на Обединетите нации (FAO), во светот се фрла околу една третина храна, а во Европа достигнува околу 40%. Фрлената храна во Европа може да нахрани 200 милиони луѓе, велат од FAO, пишува BBC.
Мерките, усвоени со големо мнозинство во Сенатот, ги олеснуваат регулативите за донирање на храна на земјоделците и компаниите. Новите мерки им овозможуваат на земјоделците да ги дадат производите во хуманитарни цели без дополнителни трошоци, а ќе се поттикнува и користење на “кеси за носење”, нешто што не е пракса во Италија – остатоците од храна во рестораните да се пакуваат за носење.
Мерки во обид да се намали фрлањето на храна веќе воведе Франција, каде парично се казнуваат супермаркетите коишто не ја донираат непродадената храна за добротворни цели.