Охрид беше домаќин на отворањето на четвртата Coca – Cola активна зона во Македонија, со што стана дел од големиот проект на Пивара Скопје и Coca – Cola компанијата, што се реализира во повеќе општини ширум земјава, во соработка со локалната самоуправа и организацијата Отворени забавни фудбалски школи.
Активната зона во Охрид е поставена во рамки на Холандскиот парк и претставува фитнес зона на отворено, опремена со најмодерни справи за вежбање, достапна 24 часа на сите граѓани без никаков надомест.
“Coca – Cola активни зони е голем проект што е плод на успешната соработка на Пивара Скопје и Coca – Cola компанијата со локалната самоуправа. Целта на проектот е донација на Пивара Скопје и Coca – Cola компанијата, со којашто се овозможува поставување на зони за фитнес и рекреација под отворено небо, со цел да ги мотивираме граѓаните почесто да практикуваат здрав и активен начин на живот. Овој проект досега се реализираше во три Општини во нашата земја, а денес се наоѓаме на отворањето на четвртата Coca – Cola активна зона, во еден од најпрекрасните градови во Република Македонија – Охрид. Годинава ќе отвориме уште една активна зона, во Општина Прилеп, но нема да застанеме тука и планираме активните зони да се прошират во наредниве години низ целата земја. Физички активниот живот е клучен за здравјето на граѓаните и за напредокот на нашето општество, па затоа и Пивара Скопје и Coca -Cola компанијата секогаш ќе продолжат во насока на реализација на вакви проекти”, изјави Ламбро Патче, менаџер за јавни работи и комуникации на Пивара Скопје.
“Општина Охрид, Пивара Скопје и Coca – Cola компанијата имаат долга заедничка историја и традиција на реализација на голем број успешни проекти за граѓаните. Партнерството и на овој проект е на наше големо задоволство, особено бидејќи се вбројуваме во првите пет општини во Македонија кои ќе добијат активна зона. Овој проект, со којшто Охрид ќе добие фитнес зона на отворено, достапна на сите граѓани, има огромно значење на долгорочен план, бидејќи иницира физичка активност, а преку тоа директно влијае позитивно на здравиот начин на живот. Благодарни сме на Пивара Скопје и Coca – Cola компанијата за оваа донација, бидејќи бенефитот од овој проект е значаен за сите нас‘‘, изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Проектот е дел од глобалната платформа на Coca – Cola за промоција на активен живот како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните. До крајот на летото, покрај Гази Баба, Струмица, Тетово и Охрид, активна зона ќе се отвори и во Прилеп.