Унгарската влада можеби ќе ги поврзе Будимпешта и Виена со велосипедска патека долга 250 километри, според функционер во владата, Мариус Ревес, пишува Hungary Today.
Ревес вели дека владата планира голема инвестиција во велосипедски патеки во туристичките региони, како и изградба на патека што ќе го поврзува главниот град со езерото Балатон.
Според Танјуг, унгарската влада во овој проект ќе инвестира 96,4 милиони евра. Реализацијата на проектот ќе ја финансираат Европската унија и Унгарија, а се очекува повеќето велосипедски патеки да бидат завршени до 2018 година.