Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје, во првото полугодие од оваа година работеше со добивка од 5.483.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во првите шест месеци од 2015 година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка од 14.264.000 денари.
“Расходите за шесте месеци се зголемени за 1% во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 332.615.484 денари. Поголемиот пораст на расходите за еден индексен поен и намалувањето на приходите за 2% придонесе добивката да се намали за 62%. На зголемување на трошоците посебно влијание имаше зголемениот физички обем на производството и порастот на цените на нашите основни суровини“, стои во Образложението.
Вкупните приходи од продажба во период од први јануари до 30-ти септември оваа година достигнаа 325.842.000 денари. На домашен пазар се реализирани 148.039.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 177.803.000 денари.