Последните истражувања што ги направи Биотек Лабораторија покажаа дека луѓето речиси и да немаат претстава за тоа колку е важен витаминот Д за човековото здравје. Тој е особено важен за развојот на децата, бидејќи недостатокот на витамин Д доведува до сериозни здравствени нарушувања како што се рахитис, астма, автоимуни заболувања, како и намален имунитет и склоност кон алергии.
За таа цел, Биотек Лабораторија во периодот од 24 до 31 август ќе овозможи бесплатно испитување на витамин Д за деца до 10 години. Сè што треба да направите е да го закажете вашиот термин преку веб страната www.bioteklab.com.mk
Биотек Лабораторија се наоѓа во Скопје, Општина Центар, на улица Ленинова бр. 44 (Аминта трети).