Fitch го намали кредитниот рејтинг на Македонија

42

fitch

Кредитната агенција Fitch го намали кредитниот рејтинг на Македонија од ББ+ (BB+) на ББ (BB), со негативен изглед. Според агенцијата, главна причина за намалување на кредитниот рејтинг на Македонија е политичката криза.

“Политичката криза во Македонија, кој започна по појавата на големи обвинувања за корупција во февруари 2015 година, останува нерешена, истакнувајќи ги недостатоците во стандардите на владеење”, стои во извештајот.