Добивка од 471.000 денари за Димко Митрев од Велес

50

dimko-mitrev-1-580x412-580x412

Компанијата за производство и трговија на крзно и крзнени производи, Димко Митрев од Велес, во првото полугодие од 2016-та оствари вкупна сеопфатна добивка од 471.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 315.000 денари.

“За шесте месеци остварен е приход од 109.736.000 денари, којшто е помал за 1% во однос на истиот период од претходната година, кога изнесуваше 111.016.000 денари. По структура на застапеност во вкупните приходи – приходите од домашен пазар учествуваат со 2%, од странскиот пазар со 96%, а од другите приходи со 2%“, стои во Образложението за остварените резултати.

Расходите во тој период, како што се наведува, изнесуваат 109.265.000 денари и се помали за 1% во однос на истиот период од претходната година.