Винарската визба Тиквеш во првата половина од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 17.229.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во првото полугодие лани, компанијата оствари добивка од 14.126.000 денари.
Вкупните приходи од продажба од јануари до јуни оваа година имаа вредност од 623.471.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 330.341.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓа продажба вредна 293.130.000 денари.