Компанијата Адинг, од први јануари до 30-ти јуни оваа година, работеше со добивка од 7.683.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, добивката на Адинг изнесуваше 10.371.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од 2016-та имаа вредност од 193.128.000 денари. Од тој износ, продажбата во земјата достигна 125.696.000 денари, додека преку извоз се реализирани 67.432.000 денари.
Главна дејност на Адинг е производство и пласман на хемиски материјали за градежништво.