Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5,02 денари по KWh, што во споредба со второто полугодие лани е намалување од 1,65%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3,14 до 8,27 денари по KWh, по групи на потрошувачи.
Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 14,09 до 16,80 денари по nm3, по групи на потрошувачи.