DroneSeed развива дронови за пошумување на тешко достапни места

60

UntitledDroneSeed, компанија со седиште во Орегон, САД, работи на креирање на дронови што ќе го модернизираат, забрзаат и подобрат процесот на пошумување на тешко достапни места. Оваа војска од беспилотни летала ќе сее семе, ќе прска против штетници и ќе надгледува како растат дрвјата, пишува New Atlas.

Компанијата работи со шумски претпријатија со цел да се пошумат оголените подрачја, како и со невладини еко-организации. Овие дронови прво ќе имаат за задача да нанесат хербициди, со цел да се исчисти претходно оголената земја од пирејот што би ги уништил младите дрвца. Тоа ќе се изведе преку 11 литарски буриња течност и жежок спреј на строго одредени координати преку GPS.

Потоа опремени со семе, дроновите ќе летаат над одредените места и ќе го засадуваат истото во земјата со брзина од 384 километри на час со помош на компресиран воздух. Според компанијата, еден дрон ќе може да сее 800 семиња на час, што е значително повеќе од 800 семиња што еден човек може да ги засади за еден ден. Од DroneSeed се надеваат дека за неколку месеци ќе започнат со пошумување на овој начин.