Точено Heineken на висина од 10.000 метри

102

KLM-Beer

Холандската авиокомпанија KLM, на летот до островот Курасао на Карибите, во бизнис класата послужи точено Heineken пиво.

Количката за точење пиво е резултат на уникатната соработка на двата холандски бренда, фокусирана на клиентите, стои во соопштението.

Пивото од количката за точење се служи ладно, а дел од персоналот е специјално обучуван за точење. Компаниите експериментирале со години за да можат да служат точено пиво на лет. Количката користи воздушен притисок наместо јаглерод диоксид, затоа што според регулативата за безбедност, забранета е употреба на CO2 во авионите.