Агенцијата за катастар на недвижности со помош на холандски експерти ќе го подобрува квалитетот и изработката на топографските карти и ќе ја подобрува Националната стратегија за инфраструктура на просторни податоци, јавува Миа.
За таа цел, Кралството Холандија ќе донира 68.000 евра, кои ќе се искористат за реализација на проектот Оптимизирана употреба на веродостојни и сигурни просторни податоци во Република Македонија.
Проектот ќе се спроведува од септември годинава до февруари 2017 година за кој временски период се очекува да биде изработена нова подобрена Национална стратегија за инфраструктура на просторните податоци, а експерти од холандскиот Катастар ќе ги презентираат препораките за изработка на топографски карти.
Во Холандија секоја година се ажурираат топографските карти на различни нивоа.
Соработката меѓу македонскиот и холандскиот катастар трае 10 години.