Групата млади од различна етничка припадност, во организација на Движењето ЛЕАД, денеска од 13 часот ќе ја спроведе четвртата акција за чистење на Водно од отпадоци. Овој пат, низ патеките ќе се постават и дрвени табли со слоганот на оваа акција В џеб, ако нема каде друго, јавува Миа.
Оваа акција е дел од програмата Европска недела на мобилност, организирана од Град Скопје, која годинава се спроведува под мотото Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа.
Проектот В џеб, ако нема каде друго! е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.
Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. Проектот е поддржан и од Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.