Југоисточниот регион има најголемо учество во креирањето на бруто додадената вредност во земјоделството во Македонија во 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Југоисточниот регион учествува со 30,5%, потоа следи Пелагонискиот со 20,5%, додека најмало учество има Североисточниот регион со 3,4%.
Во создавањето на вредноста на растителното производство во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 35,8%, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство, најголемо учество има Полошкиот регион со 20,6%.