Bio Button – еколошки копчиња направени од пченка

42

biobutton-back-480

Компанија Buttons4u е најголемиот производител на копчиња во Австрија, а она по што станува препознатлива се еколошките копчиња Bio Button направени од природни материјали.

Сопственикот на компанијата, Ханес Шмит, заедно со тим од стручни соработници, создаде формула за еколошки копчиња, којашто е мешавина од индустриски скроб од пченка, дрво и восок како адитив. Копчињата се изработуваат во различни големини и со различни дизајни, коишто по употребата можат да се рециклираат.

Австриската компанија користи еколошка енергија, просториите ги загрева со биомаса, а добитник е на голем број награди за заштита на животната средина.