Искористете го кредитот за енергетски ефикасен дом кој го пласира Штедилница Можности!
Во соработка со Хабитат кредитната линија, Штедилница Можности пласира кредити за енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија.
Кредитот е наменет за задоволување на личните потреби на клиентите за одредени промени во домот, со што би се зголемила енергетската ефикасност на нивниот дом и со тоа би се намалиле месечните трошоци за греење/ладење и електрична енергија.
Средствата од кредитот можат да се искористат за:
- Топлинска и хидроизолација на фасада,
- Топлинска и/или хидроизолација на покривот,
- Топлинска и/или хидроизолација на под кон подрум,
- Замена на старите и дотраени прозорци и балконски врати,
- Користење на сончева енергија,
- Поставување на термостатски вентили на секој радијатор,
- Замена на сијалици од жаречки во ЛЕД
Износите на кредитот се до 2.000 евра, со рок на враќање до 24 месеци.
Годишната каматна стапка е 7,636% (СВТ од 10,086%).
Дополнителни трошоци на кредитот се манипулативен трошок од 2%, меница од 200 денари и интеркаларна камата, зависно од денот кога се реализира кредитот.
Месечната провизија за управување со кредитот е 0%.
Кредитот се одобрува без жиранти, а отплатата е адаптирана според потребите на клиентот. Тоа значи дека за кредит од 2.000 евра на 24 месеци и месечна рата од 90,12 евра, вкупниот износ што го плаќа потрошувачот изнесува 2.215,18 евра.
Сите заинтересирани можат да аплицираат за кредит во сите експозитури на штедилницата, како и на веб-страницата www.moznosti.com.mk.