Вкупна потрошувачка на енергенти во јули

39

Вкупната потрошувачка на енергенти, во јули оваа година, изнесува: 583 070 МWh електрична енергија, 11.751 мил. нм3 природен гас, 494.249 тони јаглен и 110.346 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 70,7% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,5% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.