Цените на угостителските услуги во септември, во споредба со претходниот месец, останаа непроменети, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0,2%, Безалкохолни пијалаци за 0,2% и Ноќевања за 0,1%.
Цените на угостителските услуги во септември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,4%.
Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2015 година се зголемени за 0,2%.