Атлантик Груп со раст на приходите во 2012 година

52

E. TedeschiАтлантик Груп во 2012 година оствари вкупен приход во износ од 667,4 милиони евра, што претставува раст од 4,8% во однос на 2011 година. Добивката пред камати, даноци и амортизација, се зголеми за 14,9% и достигна 76,7 милиони евра, додека нето добивката по малцинските интереси порасна за 18,5% и достигна 7,4 милиони евра. Раст на приходите од продажбата е забележан со сите стратегиски сегменти на деловно работење. Притоа најголем раст од 8,9% има сегментот на кафиња, производите за нега и здравје имаат раст од 7,8%, додека деликатесните намази 7,6%.

“Особено сме задоволни со остварените резултати во 2012 година, во која Атлантик Груп ги исполни своите очекувања, остварувајќи природен раст на приходите и зголемена профитабилност. Во овој период успешно го завршивме проектот на рефинансирање, со што само го потврдивме статусот на компанија која одговорно ја планира и спроведува својата деловна политика и ужива доверба на мегународните развојни институции и на финансиската заедница. Во 2013 година, вработените и менаџментот на Атлантик Груп и понатаму ќе бидат насочени кон природниот раст преку активно управување со брендовите, иновации, оптимизација на трошоците и управување со ризиците, како би се оствариле зацртаните цели на деловно работење”, истакна Емил Тедески, председател на менаџментот на Атлантик Груп.

Хрватскиот пазар е најголемиот поединечен пазар на Атлантик Груп со учество во вкупната продажба од 26,6%, потоа следува српскиот пазар со 24,9%, Словенија со 13,2%, Босна и Херцеговина со 7,6% и останатите регионални пазари со 6,4%, како и клучните западноевропски пазари со 7,3%. Пазарот на Русија и ЗНД со учество од 5,0% во приходите од продажбата бележат најголем раст од 31,4%. Останатите пазари учествуваат со приход од 8,9%.