Поранешниот црногорски премиер Лукшиќ нов директор на PwC за ЈИЕ

41

Staatsanwaltschaft prueft Anstellung von Wulffs ehemaliger Frau Christiane

Поранешниот премиер на Црна Гора, Игор Лукшиќ, е нов директор на компанијата Pricewaterhouse Coopers – PwC за југоисточна Европа (ЈИЕ), пишува Vijesti.me.

Лукшиќ ќе биде задолжен за регионот, а работата оперативно ќе ја извршува од Црна Гора.

Тој беше црногорски премиер половина мандат, од декември 2010 до декември 2012 година. На крајот на минатата година, тамошната влада го кандидираше за генерален секретар на Обединетите нации, но во август ја повлече кандидатурата поради лошиот пласман во двата круга од неофицијалното гласање во Советот за безбедност на ОН.

PwC е мултинационална компанија за сметководствено, даночно и бизнис советување. Има канцеларии во 157 земји и една од четирите најголеми ревизорски куќи во светот.