Медика Истанбул Тетово нуди нов концепт врвна здравствена услуга

68

1

Дванаесет оддели, модерна апаратура и нов современ концепт на здравствени услуги нуди новата поликлиника Медика Истанбул Тетово којашто и официјално ги отвори вратите, стои во соопштението.

Радиологија, нуклеарна медицина, ортопедија, неврологија, урологија, гинекологија, педијатрија, општа хирургија, интерна медицина, ендокринологија, дијагностичка биохемиска лабораторија и стоматологија се одделите каде што пациентите ќе ја добијат врвната негата и брза и ефикасна дијагностика.

Новоотворената клиника е дел од Дијагностичката болница Медика Истанбул Турција, којашто важи за креатор на уникатен модел на здравствена услуга и истиот е пренесен во Македонија.

“Поседуваме шеснаесет годишно искуство и знаење во развојот на медицински стандарди, имплементирање протоколи и медицинска нега со цел создавање на извонредност во здравствената услуга. Истиот тој модел преку Медика Истанбул Тетово го правиме достапен и за граѓаните на Македонија со тоа што го унапредуваме преку комбинацијата на високите стандарди и современа технологија од Истанбул со локално искуство и експертизата на домашните специјалисти. На овој начин нудиме брза, прецизна и ефективна здравствена услуга, што се надеваме дека ќе поттикне подигнување на локалните здравствени стандарди“, изјави Д-р. Мурат Динчер сопственик на Медика Истанбул Тетово.

Поликлиниката е сместена на 2.000 метри квадратни, нов, модерен простор, со современа апаратура и концепт што е изграден врз потребата на пациентите за навремено справување со здравствените проблеми. На располагање на пациентите ќе биде тимот доктори од Македонија во соработка со врвни имиња од Турција, со постојани онлајн консултации меѓу тимовите, во делот на примарното и секундарното здравство, а особено на полето на радиологијата. Медика Истанбул во Турција е позната по прецизниот дијагностички скрининг и рано откривање на болести, а истиот метод на работа ќе се применува и во Тетово.

Услугите на Медика Истанбул Тетово во делот на примарната здравствена заштита, ќе бидат достапни според цените одредени од Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.