Ecomo – паметно шише што ја анализира безбедноста на водата и ја филтрира

42

ecomo

Ecomo е иновативно шише што ја анализира безбедноста на водата, па доколку е контаминирана ја филтрира.

Корисникот може да го наполни шишето да го протресе и за многу кратко време преку апликација на мобилен уреди или алка ќе дознае дали водата е безбедна за пиење. Доколку водата е нечиста, паметното шише испраќа информација до корисникот, кој има задача два пати да ја заврти платформата на шишето и да почне со филтрирање на водата.

ecomo 1

Шишето Ecomo има две основни цели: да обезбеди чиста вода за сите во секое време и да ја минимизира употребата на пластични шишиња. Проценките покажуваат дека овие шишиња заштедуваат околу 228 пластични шишиња, што вообичаено се користат за три месеци.

Зад дизајнот на иновативното шише стои канадскиот старт – ап, којшто на Kickstarter побара поддршка од 50.000 долари, а досега собра над 164.000 долари.