Здружението за борба против рак на дојка, Борка – за секој нов ден, организира Национална конференција за рак на дојка.
Конференцијата, којашто ќе се одржи на 20-ти октомври од 18 часот во Музејот на македонската борба, се организира по повод месец октомври којшто е Светски месец против рак на дојка.
На деветтата конференција свое обраќање ќе имаат експерти, кои ќе зборуваат за новите предизвици во лекување и третман на ракот на дојка.