Овој викенд Coffee Fest во Рамстор Мол

50

Coffee fest RM

Љубителите на доброто кафе благодарение на Рамстор Мол во периодот од 21-ви до 23-ти октомври ќе можат да уживаат, дегустирајќи ги најдобрите македонски и странски вкусови на кафе на овогодишниот Coffee Fest во организација на трговскиот центар.

“Веќе од утре очекувајте на влезот на Рамстор Мол да ве пречека неверојатниот, еден и единствен мирис на свежо кафе кое ќе го подготвуваат најголемите производители и дистрибутери на кафе во земјата“, стои во соопштението.

Според организаторот на фестивалот, кафето зазема значајно место во животот на верните посетители на Рамстор Мол и токму затоа целта на овој фестивал е промовирање и доближување до граѓаните различни видови и вкусови на кафиња од целиот свет.

Фестивалот ќе трае три дена во периодот од 12 до 18 часот, а целата програма покрај промовирањето на нови вкусови, дегустација и многу забавни кафе муабети ќе биде збогатена со богата музичка програма и настапи во живо на повеќе бендови.

Организаторот ги кани сите вљубеници на кафето на едно сосема поинакво кафе доживување во Рамстор Мол.