Компанијата Интепромет од Тетово, од први јануари до 30-ти септември оваа година, работеше со добивка во висина од 4.110.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во деветте месеци од 2015 година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.570.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, од почетокот на годината до крајот на септември, изнесуваа 15.863.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 15.888.000 денари.