Фустеларко Борец од Битола за девет месеци прокнижи 8,1 милиони денари добивка

89

fustelarko-borec

Компанијата Фустеларко Борец од Битола, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари добивка од 8.129.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 6.037.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2016 година беа на ниво од 171.371.000 денари. Од нив 104.076.000 денари се реализирани на домашен пазар, додека од извоз се остварени 67.295.000 денари.

Компанијата Фустеларко Борец од Битола се занимава со изработка на амбалажни кутии од картон за комерцијално пакување на производите од: тутунската, прехранбената, хемиската, текстилната, фармацевтската, козметичката и други индустрии.