Кланица со ладилник од Струмица за девет месеци прикажа добивка од 6,2 милиони денари

70

klanica so ladilnik strumica

Кланица со ладилник од Струмица, во деветте месеци од оваа година, работеше со добивка од 6.293.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од први јануари до 30-ти септември лани, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка од 2.054.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период од оваа година беа 42.458.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 55.716.000 денари.

Основна дејност на компанијата е колење и преработка на ситен и крупен добиток.