Павилјон од алги за дишење чист воздух

84

paviljongl

За 92% од луѓето, локалното загадување ги надминува здравите граници. Дизајнерот Адам Миклоси од Унгарија се надева дека ќе ја промени оваа состојба преку неговиот изум Chlorella Oxygen Pavilion, што ќе го прочистува воздухот.

paviljon1

Целта на создавањето на ваков вид на павилјон е да им овозможи на луѓето да влезат во него и да ги наполнат батериите во простор каде воздухот е богат со чист кислород. Во овој проект Миклоси предвидува да има цевки со алги кои ќе поминуваат низ конструкцијата и на тој начин ќе се формира фонтана од алги. Тоа би изгледало како испреплетен вртлок што се простира низ ентериерот и екстериерот на тој простор.

paviljon2

Павилјонот со алги е направен од буково дрво. Дизајниран е во него да владее меѓусебна зависност на луѓето кои во процесот на дишење ослободуваат јаглен диоксид, потребен на алгите, а тие со процесот на фотосинтеза произведуваат кислород потребен на луѓето. Во целиот систем има соларни панели, што обезбедуваат енергија за вештачко осветлување и се поддржува процесот на фотосинтеза. Секој павилјон има за цел да стане храм за релаксирање во урбана средина.