Текстилната компанија Тетекс од Тетово, во периодот јануари – септември 2016-та година, работеше со добивка во висина од 38.452.000 денари, покажа билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во деветте месеци од минатата година, Тетекс оствари вкупна сеопфатна добивка од 41.052.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период од оваа година достигнаа 167.892.000 денари. На домашен пазар е остварена продажба вредна 90.247.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 77.645.000 денари.
“Структурата на приходите остварени на домашен пазар е: приходи од продажба на производи и стоки во износ од 53.235.000 денари, приходи од закупнини 29.379.000 денари и приходи од други услуги 7.633.000 денари“, стои во Образложението на остварените резултати.
Во финансиските приходи, како што се наведува во Образложението, се вклучени приходите од дивиденда коишто Тетекс ги оствари во правните лица: Петролгас во износ од 2.300.000 денари и ТТК Банка во износ од 15.365.000 денари.