Фински ланец за брза храна влегува во Бугарија

41

bg

Финскиот ланец за брза храна Hesburger од следната година влегува на бугарскиот пазар, со два објекта во Загора и Ловеч, пишува софиски Дневник.

До крајот на 2017 година се предвидува да отвори уште четири објекти, а вкупната инвестиција ќе биде помеѓу три и четири милиони евра.

Hesburger за своите производи ќе користи суровини од бугарски доставувачи, само сосовите ќе бидат увезувани од Финска.

Hesburger е фински семеен бизнис, кој датира од 1966 година. Денес има над 430 локации во Финска, Балтичките земји, Германија, Русија, Украина.