Уготур од јануари до септември работеше со загуба од 269.000 денари

30

ugotur

Компанијата Уготур за период од први јануари до 30-ти септември оваа година прикажа загуба од 269.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од 2015-та година, компанијата работеше со загуба од 3.211.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од јануари до септември оваа година беа на ниво од 18.219.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 15.852.000 денари.

Основна дејност на Уготур е приготвување, дистрибуција и послужување готови производи од областа на организирана исхрана на работници.