Ноемвриски саем на книга во Култура

52

unnamed

Издавачката куќа Култура, од 7 до 17 ноември го организира традиционалниот Ноемвриски саем.

“Домашната библиотека ќе можете да ја збогатите со некои од нашите изданија со намаление од 20% до 70%. Покрај многубројните странски автори и актуелните наслови на светските бестселер листи, ќе можете да прочитате и дел од македонските наслови. Домашните автори на наше големо задоволство ни приредија едно вистинско читателско изненадување. Изданија кои ни најмалку не заостануваат зад големите имиња, богати четива кои ќе Ве водат низ книжевните лавиринти”, стои во соопштението.

Покрај книги за возрасните, светот на книгите е достапен и за најмладите читатели, Џеронимо Стилтон, Маша и Медо, Ученикот на ренџерот, лектирни изданија и многу други наслови.