Виталиа ја започнува кампањата Помалку шеќер за повеќе здравје

44

3s3a9959

Со промоција на нови производи без додаден шеќер во новата продавница во Градскиот Трговски Центар во Скопје, Виталиа ја започнува кампањата Помалку шеќер за повеќе здравје, стои во соопштението.

Следејќи ги препораките на Светската здравствена организација, како што се наведува, Виталиа започна со производство на нова линија на производи без додаден шеќер и воедно започна со намалување на шеќерот во својот асортиман.

“Како дел од кампањата Помалку шеќер за повеќе здравје ќе организираме и низа општествено одговорни активности. Како продолжение на проектот 5ка за Здрава Храна за кој Виталиа ја доби наградата 29 ноември од Град Скопје, наши нутриционисти ќе одржат едукативни предавања во основните училишта и градинките, со што ќе придонесеме во градење на здрави генерации, а здравите навики дефинитивно се креираат од најрана возраст. Виталиа ќе донира здрави производи без шеќер во клиниката за онкологија, СОС детското село како и на децата со специјални потреби“, истакна Мариета Мартиновиќ од Виталиа.

Виталиа ја промовира новата линија на производи пет денови пред 14-ти ноември, Денот на дијабетесот за време на кои организира неколку активности за подигнување на свеста на јавноста за ова заболување. Компанијата останува посветена кон креирање на здрави продукти кои ќе им помогнат на потрошувачите да изградат здрави навики.

“Виталиа отвора ново поглавје во олеснувањето на нашето секојдневие. Преку кампањата Помалку шеќер, за повеќе здравје не само што ни го олеснуваат денот туку и се заложуваат да го подобрат здравјето на сите. Целта која ја имаат не е за потценување. Затоа сакаме да се заблагодариме на Виталиа за поддршката која со години ни ја даваат и која од денес ја надоградуваат со новата линија на производи“, изјави Бобан Несторовски од здружението за дијабетичари БУВ.