За девет месеци Пелистерка оствари шест милиони денари добивка

55

pelisterka

Пелистерка од први јануари до 30-ти септември оваа година работеше со добивка од 6.033.000 денари, стои во консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од минатата година, компанијата оствари 11.956.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – септември 2016-та изнесуваа 352.608.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 333.790.000 денари, додека на пазари во странство се продадени производи во вредност од 18.818.000 денари.

Приоритетна дејност на Пелистерка е производство на освежителни пијалаци, минерална и друга флаширана вода.