Тања Панделеска од Пелистерка ја доби наградата 13 Ноември за континуирано вложување во спортот

57

da592374ca950709b99351fcb149cf8d2775a2e5c53306af3a-pimgpsh_fullsize_distr

Тања Панделеска, маркетинг менаџерка на компанијата Пелистерка и претседател на организациониот одбор на Скопскиот маратон е еден од годинашните добитници на наградата 13 Ноември што традиционално секоја година ја доделува Сојузот на спортови на Скопје по повод Денот на ослободувањето на Скопје.

Оваа награда се доделува веќе 45 години во 10 категории на поединци, организации и компании за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот во главниот град. Според образложението на организаторите на манифестацијата, Тања Панделеска годинава ја заслужи наградата поради континуираното спонзорирање и поддржување на спортските настани и екипи во Скопје, со што директно помага во унапредувањето на спортот во метрополата.

ed076597b6fa55d977e96a7540c74b9d4be052b453e229778f-pimgpsh_fullsize_distr

Освен Панделеска, меѓу добитниците на ова престижно признание се најдоа и маратонецот Томи Стефановски, кој беше прогласен за спортист на годината на град Скопје, меѓународната ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, ракометниот клуб Вардар и други.

Наградите на добитниците им беа врачени на денешната свечена седница на Сојузот на спортови на Скопје.

“За да се постигнат забележителни резултати во спортот, освен упорност, талент и напорна работа, неопходна е и финансиска поддршка. Јас тоа го знам од личен пример и затоа секогаш сум на страната на спортистите помагајќи им на патот до нивниот успех. Се разбира, мојата поддршка е дел од долгорочната стратегија на Пелистерка за вложување и поддршка на македонските спортисти со цел да им помогнеме во остварувањето на што е можно подобри резултати на домашен и меѓународен план“, изјави Панделеска по свеченото доделување на наградата.

Таа нагласи дека поддршката на спортот ќе продолжи и преку организацијата на Скопскиот маратон, манифестација која што веќе е позната и признаена во меѓународни рамки.