Конфекција Герас Цунев прокнижи 338.000 денари добивка за девет месеци

76

denari-1

Конфекција Герас Цунев од Струмица во текот на деветте месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во вредност од 338.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември минатата година, компанијата прикажа 7.757.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 30-ти септември изнесуваа 2.137.000 денари, додека истиот период лани достигнаа вредност од 2.258.000 денари.

Основна дејност на Конфекција Герас Цунев е производство на друга горна облека.