Жито Лукс со добивка од 23,5 милиони денари ги заврши деветте месеци од годинава

60

zito-luks

Жито Лукс заклучно со 30-ти септември работеше со добивка во висина од 23.539.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период претходната година, компанијата прикажа загуба од 19.129.000 денари.

“Во третото тримесечје од 2016 година, компанијата продолжи со подобрување на продажбите. Сепак, намалување на продажбите споредбено со истиот период од минатата година, се должи најмногу на дефокусот од производите со ниска профитна маржа како што е професионалното брашно“, стои во Коментарот за резултатите од работењето.

Вкупните приходи од продажба од јануари до септември оваа година изнесуваат 793.263.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 765.045.000 денари, а остатокот од 28.218.000 денари е продажба на пазари во странство.

Жито Лукс се занимава со производство и продажба на леб, брашно и печива.