Градежната компанија Гранит во период од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари добивка од 187.067.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Една година претходно, добивката на Гранит беше 182.249.000 денари.
Приходите од продажба заклучно со 30-ти септември изнесуваа 2.377.588.000 денари. На домашен пазар се реализирани градежни работи во вредност од 2.224.603.000 денари, а на пазари во странство 152.985.000 денари.
Основна дејност на Гранит е проектирање, изградба и надзор во градежништвото – нискоградба, хидроградба, високоградба, изведба на електро инсталации, патишта, мостови, тунели, производство на градежни материјали и слично.