Капитол Мол со тридневна шопинг треска го одбележува Black Friday

47

krs

Додека во САД со нетрпение се очекува овој петок, во Македонија сè почесто и помасовно е прифатен истиот, секако без оние негативни карактеристики за кои слушаме од другата страна на светот. Во Македонија Црниот петок е ден за шопинг, забава, дружење со најблиските, но и концепт, благодарение на кој, сите можат да ги купат подароците за претстојните новогодишни и божиќни празници по прифатливи цени.

Една од спецификите во овогодинешната реализација на Црниот петок е токму податокот што во Capitol mall овој концепт за прв пат ќе се реализира во текот на целиот викенд.

“Веруваме дека ако екстензијата на овој ден, наместо во форма на 24 часа, ја трансформираме во 72 часа шопинг забава, ќе добиеме ефект на релаксирана и опуштена атмосфера, без притисоци и избрзани куповни одлуки. Водени од овој факт, заедно и со поддршка на закупците во молот, организиравме Црн Викенд, проследен со диџеј сетови, интересна понуда, примамливи попусти или специјално креирани пакет сетови со попуст со што повторно потврдуваме дека во фокусот на нашето работење се секако нашите посетители и нивните потреби”, велат од Капитол Мол, стои во соопштението.

Релаксираното уживањето во попустите и шопингот ќе започне на 25-ти со шопинг сет на ДЈ Боби (Сити Радио) и ќе трае до 27-ми ноември. Работното време на Капитол Мол започнува од 08:00 часот и трае до 22:00 часот.