Снешковци се селат на север поради климатските промени

26

reklama

Порастот на температурите како резултат на климатските промени може да ги уништи радостите на зимата, но што е уште поважно, претставува опасност за сите живи суштества на Земјата, вклучувајќи го и човекот.

Ова е пораката на Save our Snowmen, кампања на платформата за јавно финансирање Cool Effect, која поддржува иницијативи за намалување на јаглеродот.

“Сакаме да го привлечеме вниманието на луѓето и да ги потенцираме статистиките за климатските промени, а омилените снешковци се одлична метафора. Снешкото претставува многу видови – животни и птици што можат да исчезнат, а луѓето да станат бегалци поради климатските промени”, вели маркетинг директорот на Cool Effect, Џоди Манинг за Adweek.