Meridda – уред што го мери стресот и дава препораки за справување со него

45

meridda-hrvatska

Meridda, проект на хрватскиот старт – ап Studio Rebus, претставува збир на хардверско и софтверско решение за мерење и санирање на негативните последици од стресот, пишува Пословни дневник.

Станува збор за паметна нараквица, веб апликација и мобилна апликација. Мобилната апликација, којашто го мери стресот на корисникот, би требало да функционира на двете платформи, iOS и Android. Има капацитет да го мери стресот со помош на сензорите на паметната нараквица или конфигурација на самиот паметен уред, а на основа на собраните податоци го одредува нивото на стрес.

Апликацијата има можност за креирање на кориснички профил којшто корисникот го исполнува со лични и медицински податоци. Согласно тие податоци, Meridda на корисникот му нуди персонализирани препораки во форма на техники за опуштање, нутриционизам, физички вежби и слично.

Meridda во овој момент има функционален бета прототип, којшто е тестиран на повеќе луѓе со над 600 часови снимен материјал.