Неметали Огражден работеше со загуба од 745.000 денари во деветте месеци од 2016

49

nemetali-ograzden

Неметали Огражден, од први јануари до 30-ти септември оваа година, работеше со загуба од 745.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 1.667.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година изнесуваа 114.294.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, реализирани се 82.439.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 31.855.000 денари.

Основна дејност на Огражден е експлоатација и преработка на минерални суровини.