Цените на угостителските услуги во ноември оваа година, во однос на претходниот месец, останаа непроменети, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во ноември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,4%.
Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2015 година, се зголемени за 0,2%.