Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во третото тримесечје од оваа година, во споредба со истиот период лани, се пониски за 2,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трошоците за материјали, во истиот период, се пониски за 5,5%, а трошоците за вработените се повисоки за 5,9%.
Во третото тримесечје од 2016 година, во споредба со второто тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,2%, трошоците за материјали се пониски за 1,3%, а трошоците за вработените се повисоки за 2,5%.