Исплатени 215,8 милиони денари субвенции за производителите на млеко

50

kravi-1156Министерството за финансии ја исплати субвенцијата за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко во износ од 215,8 милиони денари на 7.808 сточари, со тоа што на 4 март се исплатени 31,5 милиони денари, а денес преостанатите 184,3 милиони денари.

Според соопштението на Министерството за финансии, висината на поддршката изнесува 3,5 денари по произведен и продаден литар млеко со вклучена дополнителна поддршка од 15% за подрачја со отежнати услови за производство.

Во соопштението се додава дека Владата на Република Македонија и Министерството за финансии, продолжуваат да го поддржуваат земјоделството и да ја одржуваат ликвидноста во стопанството.