Словенечка фирма продава “жива” салата – со корен и малку земја

295

salata

Словенечката компанија Panorganic пред една година почна со продажба на салата и зеленчук без пестициди на словенечкиот пазар, а веќе продажбата ја шират во Австрија, Хрватска и Бугарија.

Она што оваа салата ја прави поинаква од другите е тоа што се продава заедно со коренот и малку земја. Салатата “Жива” ја задржува свежината, витамините и другите хранливи материи додека не се скинат листовите и практично расте во домот на купувачот.

salata-2

Салатата и зеленчукот се пакуваат секој ден и достапни се 365 дена во годината. При производството не се користат пестициди, средства за заштита на растенијата и генетски модифицирано семе. Во процесот на производство не се создаваат отпадни води, а 90% од водата циркулира во систем, така што нема влијание врз водата за пиење и нема штетно влијание врз животната средина, пишува Пословни дневник.