Претставен новиот изглед на Facebook News Feed

55

1114007.48Facebook вчера попладне го претстави новиот изглед на News Feed за време на конференцијата што се одржа во Mенло Парк, Калифорнија.

Последните промени News Feed ги имаше на крајот на 2011 кога беа додадени опциите Recent Stories и Top Stories, така што ова претставува најголема промена од почетокот на социјалната мрежа.

“Тоа што ние пробуваме да го направиме е на секој корисник да му ги дадеме најдобрите можни персонализирани новости. Веруваме дека персонализираните новости треба да соржат многу различни содржини. Тие треба да им обезбедат на корисниците увид во било кој тема за која сакаат да разговараат или да дознаат нешто”, изјави Марк Зукерберг на конференцијата.

Основачот на Facebook  додаде дека со новиот дизајн повеќе од 50% од содржината на News Feed ќе заземаат фотографиите и визуелните содржини.

Сликите, насловите и битните работи ќе бидат многу поголеми од претходно. На аголот на десната страна на News Feed се наоѓаат табови кои ќе ви овозможат да одредите како сакате да ги гледате новостите што се појавуваат. На пример, ќе можете да ги видите сите постови од сите ваши пријатели по хронолошки ред, доколку сакате. Но, ќе може и сами да селектирате што сакате да видите.

Една од најголемите промени ќе се однесува на музиката. Од сега Facebook ќе ви овозможи да видите што вашите пријатели слушаат и да добиете информации за вашите омилени изведувачи.

Приказот на новите опции е исто така прилагоден и за мобилните телефони. Новиот дизајн е веќе во имплементација, но само мал број на корисници ќе го видат во оваа почетна фаза.