Мандатот на постојните членови на Управниот одбор на Комерцијална банка е продолжен за период од шест години, соопштуваат од банката.
“Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека согласно Одлука на Надзорниот одбор на Банката и издадена согласност од Народната банка на Република Македонија, продолжен е мандатот за период од шест години на постојните членови на Управниот одбор на Банката – Хари Костов, Претседател на Управниот одбор и Д-р Маја Стевкова Штериева, член на Управниот одбор“, стои во соопштението на Комерцијална банка објавено на Македонска берза.